Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кубури со кадар, но и со опрема – штипската болница сè уште чека дозвола за нови вработувања и за сервисирање на дел од апаратите

/

пред 1082 дена

Сподели преку :

Во штипската болница сериозен е проблемот со недостаток на технички персонал. Недостатокот на хигиеничари и болничари веќе создава сериозни проблеми на неколку одделенија, најалармантно е на ортопедија, интерно и гинекологија. Директорот на болницата, Ален Ѓеорѓијев вели дека во моментот бараат 30-тина вработување од кои околу 20 се техничко-помошен персонал.

Пациентите од источниот регион за снимање на магнетна резонанца мора да патуваат за Скопје, се чека неговата поправка. Во функција е компјутерскиот томограф, но и тој мора да се сервисира, бидејќи над 10 години секојдневно на него се прават од 60 до 70 снимања. Проблемот го гледа и во издавањето на итните упати за овој апарат од матичните лекари, прескокнувајќи ги специјалистите во болницата. Најголем дел од наодите се негативни, беспотребно биле пратени на овој апарат.

Оптималната бројка за снимање на компјутерскиот томограф е околу 20 пациенти, а здравствените работници со двојното или тројното снимање на овој апарат си го загрозуваат и сопственото здравје.

Викторија Јованова