Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Убиени шест лица во воздушен напад на училиште на агенција на ОН во Газа

/

пред 1082 дена

Сподели преку :

Шест луѓе се убиени во израелски напад на училиште што го води хуманитарната агенција УНРВА во Газа. Организацијата соопшти дека десетици се повредени, вклучувајќи и персонал на УНРВА.

„Бројките веројатно ќе бидат поголеми“, се вели во соопштението на УНРВА, според која околу 4.000 лица нашле засолниште во училиштето.

Агенцијата го нарече нападот „нечуен“ и го опиша како „флагрантно занемарување на животите на цивилите“.

„Ниту едно место не е повеќе сигурно во Газа, дури ниту објектите на УНРВА“, се додава во дописот на агенцијата.