Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бујар Османи со осуда за нападот на болницата во Газа

/

пред 1083 дена

Сподели преку :

Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи преку преку социјалните мрежи го осуди синоќешниот напад на болницата во газа во која загинаа најмалку 500-тини луѓе.

Тој на ФБ и на Икс (Твитер) напиша

„Нападот врз болница и училиште во Газа со стотици цивилни жртви е нехуман чин на терор за кој нема оправдување. Почитување на меѓународното и хуманитарно право е приоритет, а цивилите мора да бидат целосно заштитени по секоја цена. Сторителите на овој чин мора да бидат јасно идентификувани и да одговараат“.

Со силна осуда за израелскиот напад врз болницата се јавија и Алтернатива и Беса, со оценки дека станува збор за терор, за геноцид и со барање за меѓународна истрага.