Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поради закани од терористички напади во Европа, Италија ја враќа контролата врз границата со Словенија

/

пред 1082 дена

Сподели преку :

Десничарската влада на италијанската премиерка Џорџа Мелони соопшти дека по проценка на ситуацијата, неопходно е зајакнување на италијанската граница.

Според првичните информации, Италија ја враќа контролата на границата со Словенија поради зголемената закана од терористички напади во Европа поради војната на Блискиот Исток.

Известувањето од Италија веќе го примило словенечкото министерство за внатрешни работи. Контролите на границата треба да се воведат во сабота, ќе траат десет дена, по што ќе се разгледува можност за продолжување на рокот.

Сега е прашање дали Словенија ќе воведе гранични контроли со Хрватска и Унгарија. Италија, Словенија, Унгарија и Хрватска се дел од Шенген зоната за слобпдно движење без гранични контроли во поголем дел од земјите на ЕУ и во нивните соседни држави.

Како што информираат агенциите од регионот словенечката влада во четврток на редовна седница треба да одлучи за тоа.