Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шест луѓе загинаа, над 80 се уапсени – жестоки борби на Западниот брег

/

пред 1081 дена

Сподели преку :

Шест луѓе загинаа во судирите со израелските сили на Западниот брег, објави палестинското министерство за здравство.

Израелските сили претходно влегле во бегалскиот камп Нур Шамс, во градот Тулкарм, и во тек се борби меѓу нив и палестинските напаѓачи, објави Ројтерс, повикувајќи се на сведоци.

Израелската војска соопшти дека уапсила над 80 осомничени, вклучувајќи и „63 терористички оперативци на Хамас“ во ноќните рации на Западниот брег.

Пет од осомничените се уапсени во Нур Шамс и во соопштението се додава дека „безбедносните сили продолжуваат на дејствуваат во кампот со цел да осуетат терористички активности“.

Западниот брег е под израелска окупација и одвоен е од Појасот Газа. Со делови од него управуваат палестинските власти, додека со Газа управува Хамас.