И состојбата на болниците во внатрешноста станува се` подраматична. Нема доволно медицински кадар, нема капацитети, нема доволно болнички кревети, кубурат со кислород, а секој ден расте бројот на заболени. Пациенти со тешка клиничка слика доагаат во болницата во Струга, каде и детското одделение стана Ковид Центар. За жал многумина се лекуваат само кај матични лекари без да побараат специјалист. Екипата на КОД беше во Струшката болница и во Центарот за јавно здравје во Охрид.











