Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сакаме зелено Пржино – протест на граѓаните против новите гломазни градби

/

пред 2141 дена

Сподели преку :

„Доста градби во Пржино“, „Сакаме зелено Пржино“, „Обнова на игралиштето а не нова зграда“! Ова се дел од транспарентите со кои група жители на оваа скопска населба го изразија својот револт против новите гломазни градби.

Непосреден повод за нивниот протест е почетокот на изградба на објект од 18 метри кој има одобрение од општина Кисела Вода, но пред неколку дена придонесе за уривање на потпорен ѕид. Затоа, жителите на овој дел од градот сметаат дека нивните имоти и животи се загрозени. Имале средба со градоначалникот Филип Темелковски, но не добиле директно ветување дека градбата ќе се стопира.

Добиле најава дека документацијата за градбата ќе биде проверена и доколку бидат утврдени неправилности, ќе следи реакција на општината.

Граѓаните бараат независна ревизија на одобрението за градба но и на целиот Детален урбанистички план за населба Пржино.