Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Леклер на пол-позицијата во Остин, Ферстапен ќе стартува како шести

/

пред 1078 дена

Сподели преку :

Синоќа во Остин, Тексас, се одржаа квалификациите за трката за Големата награда на САД во Формула 1 шампионатот. До пол-позицијата дојде Шарл Леклер, додека светскиот шампион Макс Ферстапен ќе тргне од 6.позиција.

Леклер во квалификациите оствари време од 1:34,723 минути и го победи Ландо Норис од Мекларен, додека трето време имаше Луис Хамилтон од Мерцедес. За возачот на Ферари тоа беше трета пол-позиција сезонава по Азербејџан и Белгија.

Неговиот тимски колега Карлос Сајнц имаше четврто време, потоа следува Џорџ Расел, старо новиот светски шампион Макс Ферстапен ќе стартува како шести. Пилотот на Ред Бул имаше потенцијално време за пол-позиција, но истото му беше поништено поради пречекорување на границите на патеката.

Најдобрите 10 ги комплетираат двоецот на Алпин, Пјер Гасли и Естебан Окон, Серхио Перез и Оскар Пиастри.

Вечерва во 19.30 часот се возат квалификациите за спринтот, а спринт трката е точно на полноќ по средноевропско време. Трката за Големата награда на САД е закажана за во недела со почеток од 21 часот.