Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ферстапен најбрз на спринтот во САД

/

пред 1077 дена

Сподели преку :

Макс Ферстапен синоќа дојде до победата на спринт трката во САД во рамки на Формула 1 шампионатот. Иако во петокот направи грешка во квалификациите и на главната трка вечерва ќе тргне како шести, пилотот на Ред Бул синоќа покажа дека повторно е најбрзиот на гридот.

Ферстапен дојде до удобна победа на спринтот во Остин за да впише нови осум бодови на контото. Девет секунди зад Холанѓанецот финишираше Луис Хамилтон од Мерцедес, додека на подиумот се искачи и Шарл Леклер од Ферари.

Поени на спринтот освоија и Ландо Норис, Серхио Перез, Карлос Сајнц, Пјер Гасли и Џорџ Расел.

Трката за Големата награда на САД се вози вечерва со почеток во 21 часот. Ферстапен иако ќе стартува како шести и натаму е прв фаворит да дојде до победата.