Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Како да знаете дали имате настинка, грип или корона и што да направите?

/

пред 1078 дена

Сподели преку :

Почна сезоната на настинки и грип, а сè уште е присутен и корона вирусот, но со значително полесни симптоми. Матичните лекари советуваат дека пациентите треба да се обратат кај нив доколку имаат симптоми како болно грло,  кивање, кашлање, покачена температура, течење на нос, затнат нос или главоболка. Потребно е прво да се открие присуство на вирус, а дури потоа да се почне со лекување велат тие. Корона вирусот се детектира преку пср тест, а настинката и грипот се разликуваат според симптомите кои кај грипот се поизразени. Докторите советуваат дека најважно е да се користат и природни лекови, заедно со препишаните кои треба да се употребувааат според дозата.

-Намирници, добра храна и добар сон би биле најсоодветен начин да го зајакнеме имунитетот. Капките и спрејовите во зависност од видот се употребуваат од пет до седум дена, а максимум десет дена. За жал, гледаме пациенти  кои ги користат и со години, така да очекуваме таму да гледаме посериозна хронична симптоматологија, вели  Бојан Трајковски,  матичен лекар.

Во зависност од возраста на пациентот и неговата општа здравствена состојба зависи и времетраењето на настинката. Одморот е клучен за задржување на енергијата. По оздравување имунитетот е ослабнат и треба негово зајакнување.

-Единствено што треба да внимаваме е можеби да ја намалиме дружбата со голем број луѓе. Често кај децата гледаме дека кога ќе се вратат во градинка по оздравување тие повторно се разболуваат. Единствениот начин за разболување е преку контакт со бактерии и вируси, додаде доктор Трајковски.

Наглата промена на време е проблем за повозрасните и хронично болните, за кои лекарите сооветуваат вакцинација против сезонски грип.

Тамара Марковска