Во градското дерби фудбалерите на Вардар го совладаа Работнички со 1:0 и по серија од четири натпревари без триумф конечно успеаа да освојат значајни бодови во трката за опстанок во елитното фудбалско друштво.
Единствениот погодок беше дело на капитенот на “црвено-црните”, Дарко Мицевски, кој во 77. минута прецизно изведе удар од 11 метри.
ФОТО: Игор Паневски


























