Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вакцината на Фајзер може да почне да се применува на 11-ти декември во САД

/

пред 2141 дена

Сподели преку :

Процесот на имунизација на американските граѓани би можел да започне уште на 11-ти Декември, најави шефот на американската програма за вакцина против корона вирусот.

Според Др Монцеф Слауи, според планот, распоредувањето на вакцините до приоритетните локации би започнало во рок од 24 часа по нивното одобрување.

Оваа информација доаѓа во период кога Соединетите американски држави се соочени со најголемиот раст на бројот нови заразени со Ковид-19.

Во Америка досега се регистрирани повеќе од 12 милиони инфицирани со корона вирусот и повеќе од 255 000 жртви. Ова се најголемите бројки во една држава во целиот свет .

Американската фармацевтска компанија “Фајзер” и нејзиниот партнер “Бионтек” во Петокот поднесоа барање за итно одобрување на нивната вакцина против Ковид-19 во САД.

Фајзер најавува дека до крајот на оваа година ќе произведе до 50 милиони дози а во 2021-вата вкупно уште милијарда и 300 милиони дози од вакцината.

За секој човек ќе бидат неопходни две дози од вакцината.