Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Јадровски во Топ Тема: Комисија за спречување и заштита од дискриминација се уште немаат пристаност за лицата со попреченост

/

пред 1075 дена

Сподели преку :

Од тоа да има измени на закон и квоти за лицата со попреченост, многу поважно е остварувањето на сите права онаа материјална правда од аспект на човекови права.

  • Нив ги има во политчките партии но кое е нивото, дали можат да бидат сместени во една државна институција. Еве ако бидат сместено во Комисија за спречување и заштита од дискриминација, ќе немаат пристаност бидејќи ние се уште не сме пристапни, истакна во вечерашната Топ Тема Игор Јадровски од Комисија за спречување и заштита од дискриминација.

Според него трите пресуди од Стразбур значат утврдување на дискриминација преку не обезбедување на соодветно приспособување.

„Идејата беше да се даде една поширока слика за тоа како немањето на соодветно приспособување се одразува врз општествениот и политичкиот живот на лицата со попреченост меѓутоа со цел да се даде еден холистички пристап на целиот проблем како необезбедувањето на соодветно приспособување влијае генерално врз животот на лицата со попреченост“, вели Јадровски.