Во државата повеќе од половина работоспособни жени не се вработени ниту регистрирани во агенцијата за вработување. Повеќе од половина жени работното време не им е платено и работата се вреднува многу помалку за разлика од мажите.
Иако жените се пообразовани од мажите, мажите се мнозинство од работодавците покажува анализата на националниот младински совет на Македонија која ја презентираа денеска на тема родова еднаквост, еднакви можности за девојчињата и младите жени во Македонија.











