Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Драги Рашковски со гаранција од 192.000 евра пуштен од домашен притвор

/

пред 1074 дена

Сподели преку :

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, не е повеќе во домашен притвор, откако Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција му го укина. Рашковски дал гаранција од 192 илјади евра недвижен имот.

„Крвичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција постапувајќи по предлог за укинување на мерката – Куќен притвор за осудениот Д.Р, донесе решение со кое мерката куќен притвор се укинува со определена гаранција во вредност од 11.868.762 денари во недвижен имот. Станува збор за неправосилно решение за кое по добиена жалба на надлежниот обвинител и комплетирање на предметот во Законски утврдениот рок, ќе биде доставен на надлежно постапување во второстепениот суд“, велат од Кривичен суд за „Скопје1“.

Рашковски беше во куќен притвор речиси четири месеци. Тој е осуден за злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари. Пресудата не е правосилна, а предметот се наоѓа пред Апелација.