Премиерот Ковачевски ја повика опозициската ВМРО ДПМНЕ да делегира свој претставник во работната група која функционира во Министерството за правда. Таму се разговара за измените на Изборниот законик и препораките на ОБСЕ, а може да се разговара и за тајмингот на претстојните избори. Ковачевски смета дека секој друг формат на договарање би бил вон-институционален. Деновиве, ВМРО ДПМНЕ предупредува дека е неопходно партиите да седнат и да се договорат, а спикерот Талат Џафери посочи дека краен рок за таков договор е Нова Година.











