Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нејасно е кој ќе го отстрани отровниот отпад од кај Лепенец – Шукова вели ќе се знае до вторник

/

пред 1073 дена

Сподели преку :

Државниот инспекторат за животна средина ја проверува документацијата на фирмата „ Рецикал Еко-Старт“, за која еко- активистите изразија сомнеж дека е можно таа да го одложила канцерогениот отпад во близина на Лепенец, зашто се наоѓа на 2, 5 километри од местото каде е складиран, а се занимава со преработка на акумулаторски батерии и производство на рафинирано олово и оловни легури.

Сепак нејасно е кој ќе го отстрани отпадот и доколку се утврди сторителот, бидејќи оваа фирма нема лиценца за транспорт на ваков отпад, а и земјава нема депонија во која истиот би можело да биде одложен.  Министерката за животна средина Шукова денеска рече се ќе се знае до вторник.