Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ислам Абази одговараше пред Советот но не и на новинарските прашања

/

пред 1073 дена

Сподели преку :

Шефот на обивнителството за гонење организиран криминал Ислам Абази   реферираше пред Советот на јавни обвинители,  но што значат многуте бројки одд годишниот извештај  во бробата со корупцијата не застана да одговри пред новинарите.  Најави брифинг наскоро. Абази се пофали со идните проекти и промените што ги направил во обвинителстовот а се пожали од Антикорупциската комисија

Шефот на обивнителството за оргнзиран криминал Ислам Абази 1 година откако седна во фотељата се уште најавува деа ќе ги повика новинарите на брифинг а списокот на прашања поврзани со борбата против корупцијата и предметите во ова обвинителство растат. До каде се предетите за Бехтел и Енка што е преземно до сега во случајот Соравија поврзан со внукот на Али Ахемти, колку предмети ќе застарат  со измените на КЗ, има ли организиран криминал позади мафијашките пресметки низ Скопје ова се само дел од прашањата кои новимнарите сакаа да му ги постават, една година откако во истата просторија во советот даде свечена заклетва и вети дека ќе биде транспарентен.

За разлика од Новинарските прашања кои ги избегна пред членовите на Советот на јавни обвинители говореше 1 час. Низ многу бројки го претставуваше годишниот извештај за минатата но и податоците за оваа години. Доби пофалби од нив а критиките останаа за Антикорупциската комисија.

  • Излегуваат со пресови, прават свои паради. Не можеме да се разбереме, не знам како со нив. За многу од предметите кои тие ги отвараат, ние веќе водиме постапки. Ние сме за соработка за секој што има сознанија за кривични дела. Во јавноста тие создаваат друга перцепција- Ислам Абази, јавен обвинител на ОЈО ГОКК.

За коруптивните кривични дела биле формирани 51 предмет против 142 лица најчесто за злоупотреба на службената положба. Предмет портив 4 ца мегу кои и градоначалник бил затворен откако обивнителот одлучил да ја отфрли кривичната пријава, соопшти Абази без да открива за кој градоначалник станува збор . Ова беа само дел од податоците што ги прочита

Обвинитлеи има доволно но пробем има со недостаток на вработени во обвнителската служба која била прполовена од 160 на 80  административци истакна Абази.  Најави дека наскоро обивнителството за организиран криминал ќе се пресели во новиот објект  каде со странска помош ќе се направи и форнезичка лабораторија за вешачње на телефони компјутери и други екектронски уреди. Наместо да чекаат од МВР овие вештачења ќе се прават побрзо во новата лабораторија, очекуа Абази.

Елена Ивановска Мукоска