Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Престанете да убивате деца“, „Престанете да ја бомбардирате Газа“ пораки од протестот во Тетово за поддршка на палестинскиот народ

/

пред 1073 дена

Сподели преку :

Со транспаренти на кои беа истакнати повеќе пораки: „Престанете да убивате деца“, „Престанете да ја бомбардирате Газа“ и други, денес група граѓани излегоа на плоштадот во Тетово на протест за поддршка на палестинскиот народ. Присутните исткнаа дека се разочарани и незадоволни од ставовите на светот во целина, и посебно од ставовите на владите и медиумите во врска со тоа што се случува деновиве во Газа. Побараа да се прекине масакрот на невините граѓани.

  • „Повеќе од 6000 жртви, од кои 2 600 се убиени деца, не се умрени, бидејќи тие не умираат од воздухот што го дишат туку се убиени. Да не зборуваме за уништената инфраструктура и цивилизација на едно место, која често пати е опишана како „најголемиот отворен затвор во светот“. Тука сем за да му се спротивставиме на актуелниот наратив, каде што палестинските жртви имаат помала вредност од израелските жртви“ – Јетон Џеладини.

 – „Како што знаете во целиот свет овие денови има протести за да се дигне гласот за правата на луѓето кои се масакрираат во Палестина.

  • „Тука сме да ја искажеме својата поддршка кон тие луѓе кои патат со декади, не е тоа од денеска“, велат граѓаните.