Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гут-Бехрами славеше во Зелден на стартот на скијачката сезона

/

пред 1072 дена

Сподели преку :

Денеска во Зелден официјално стартуваше новата сезона во Светскиот куп во алпско скијање. Лара Гут-Бехрами триумфираше на велеслаломот австрискиот ски-центар.

Гут-Бехрами победи во неверојатно тесна трка и оствари време од 2 минути, 18 секунди и 94 стотинки. Зад Швајцарката, која стигна до шестата победа во велеслалом, а вкупно 38. во кариерата, финишираше Федерика Брињоне. Италијанката задоцни само две стотинки зад Гут-Бехрами. Место на подиумот имаше и за Петра Влхова од Словачка.

Утре во Зелден се вози машкиот велеслалом, а Светскиот куп потоа продолжува на 11 ноември.