Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Количка со бебе, малолетен велосипедист и 55-годишен возач на БМВ-дел од сообраќајна несреќа во скопски Аеродром

/

пред 1072 дена

Сподели преку :

(фотографијата не е од местото на настанот) 

Детска количка во кое имало бебе стоеше рано претпладнево на коловозот на булеварот кај Мајчин Дом во Аеродром. Мајката и бебето биле удрени од велосипед при сообраќајна незгода. Детенцето како и сите останати учесници во несреќата се повредени, а по лекарска помош се пуштени на домашно лекување.

Претходно на улицата имало сообраќајна незгода меѓу автомобил БМВ и велосипед. Незгодата се случила околу 10.:10 часот на крстосницата кај Мајчин Дом.

Велосипедот по ударот од колата, по инерција удрил во бебешката количка и во 37-годишната мајка на бебето. За среќа станувало за полесни повреди.

Полицијата соопшти дека велосипедистот бил малолетен и нема посериозни повреди, а возачот на БМВ-то со скопски таблички е 55-годишен Ресенчанец.

По увидот и истрагата ќе биде одлучено дали и какви поднесоци ќе има за учесниците во незгодата која поради детската количка предизвика загриженост меѓу минувачите.