Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Левин постигна 51 поен, но Чикаго загуби во Детроит

/

пред 1071 дена

Сподели преку :

Зек Левин со својот индивидуален настап ја одбележа вечерта во НБА-лигата, но Чикаго загуби на гостувањето кај Детроит со 118-102. Левин реализираше 51 поен и стана само првиот играч на Булс што постигнал 50 или повеќе поени на еден натпревар без да запише асистенција по Мајкл Џордан. Пистонс ја прекинаа губитничката низа од 15 натпревари по ред од Чикаго и тоа благодарение на Кејд Канингем, кој постигна 25 поени и 10 асистенции и Џејлен Дурен, кој имаше 23 поени и 15 скокови.

Феникс со 126-104 ја победи Јута, а Кевин Дурент имаше 26 поени за домашниот состав. Жоел Ембид и Тајрис Макси постигнаа по 34 поени за да ја одведат Филаделфија до триумф од 114-107 на гостувањето кај Торонто.

Мајами загуби по втор пат сезонава на третиот натпревар и тоа во Минесота со 106-90.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Њу Орлеанс – Њујорк 96-87
Вашингтон – Мемфис 113-106
Кливленд – Индијана 113-125