Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Продолжува периодот на релативно топло време за овој период од годината – Временска прогноза за 30.10.2023

/

пред 1071 дена

Сподели преку :

Продолжува периодот на релативно топло време за овој период од годината. Утре ќе се задржи сончево со мала до умерена облачност, ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер.

Минималната температура утре ќе се движи во интервал од 5 до 13°C, а максималната од 21 до 27°C.

Потоа во следните денови по одделни котлини ќе има појава на утринска магла, а кон средината на неделата локални врнежи од дожд.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

8 Попова Шапка, 9 Берово, 10 Скопје-Петровец, Крива Паланка, 11 Лазарополе, 12 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Куманово, Битола, Крушево, Струмица, Маврови Анови, 13 Штип, 14 Кавадарци, Охрид, Гевгелија, 15 Прилеп, Претор, Виница, Велес, Дојран 16 Демир Капија.

Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)

Охридско Езеро 17.5, Преспанско Езеро 16.5, Дојранско Езеро 18.2

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/