Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најдено запалено возило во Сарај, полицијата проверува дали е аудито за бегство на егзекуторот на Штекли во Ист Гејт Мол

/

пред 1070 дена

Сподели преку :

(фотографијата е илустрација, не е од местото на настанот)

Во недела е најдено запалено возило во Сарај за кое истрагата на нападот во Ист Гејт Мол се сомнева дека е автомобилот за бегство на егзекуторот од Ист Гејт Мол кој ги застрела Раде Трајковски познат и како Штекли и Димитар Трајчов викан Колумбо, во вооружен напад кој се случи минатиот вторник.

Од извори од истрагата за Телма велат дека вчера е пронајдено запалено возило во Сарај и дека се проверува дали е поврзано со нападот врз Раде Трајковски Штекли во Ист Гејт Мол.

Од МВР за официјални информации препраќаат кај надлежниот обвинител.

Според потврдени информации на КОД на Телма, по нападот врз Штекли, егзекуторот излегол од трговскиот центар, поминал низ подвозникот кај хотел Континентал и на булеварот во близина на општина Газибаба се качил во црно ауди без регистрации, по што му се губи трага.

Досега, истрагата официјално не е известена дали крим техника потврдила дека станува збор за автомобилот за бегство.