Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Измени на Деловникот заради функционалност на Собранието

/

пред 2139 дена

Сподели преку :

До крајот на неделата, во Собранието треба да се вратат неколкуте пратеници кои имаа решение за изолација поради позитивен тест или контакт со болни од ковид. Со тоа, владеачките партии повторно ќе имаат мнозинство од 61 пратеник за да можат да ги донесат законите и одлуките кои чекаат кворум за гласање. Со вакви очекувања, во четврток на дневен ред ќе бидат ставени и измените на Деловникот, кои треба да овозможат онлајн гласање. Според предлагачот, спикерот Талат Џафери, ова ќе овозможи функционалност на Собранието и во услови на пандемија.

Собранието нема да работи целосно онлајн. Предлогот се однесува на пратеници кои ќе имаат решение од соодветна институција и ситуацијата им дозволува да се вклучат онлајн, односно самите се асимптоматски случаи или се на домашно лекување со лесни симптоми. Три месеци зборуваме за тоа, па доколку опозицијата има забелешки, треба да ги достави и да бидат разгледани, а потоа може и да бидат додадени во текстот, изјави спикерот Талат Џафери за МИА.

Опозициските партии не се согласуваат. Веруваат дека со ваков предлог, власта сака да прикрие дека не може секогаш да обезбеди мнозинство за гласање. На барањето консензус, вчера го додадоа и бојкот на Координацијата кај Џафери.

Владеачките партии тврдат дека и тие сакаат измени на Деловникот со консензус, но не сакаат блокирано Собрание.

Доколку неделава биде утврдена потребата од дополнување на Деловникот, предлогот на Џафери прво ќе биде разгледан комисиски, а потоа ќе се врати на пленарна седница. Според Уставот, Деловникот се изгласува со мнозинство од вкупниот број пратеници, односно, со најмалку 61 пратеник.

Соња Николовска