Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фокусирани сме на северот, но напаѓаме во сите делови на Газа – Израелците за копнените операции во појасот

/

пред 1070 дена

Сподели преку :

Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), Џонатан Конрикус рече дека армијата „напаѓа во сите делови на појасот Газа“. Тој додаде и дека Израел ќе ја „засили“ хуманитарната помош за Палестинците.

„Нашите активности се фокусирани на северниот дел на Газа. Таму е седиштето на Хамас. Но, продолжуваме со напади и во останатите делови. Ги ловиме нивните команданти, ја напаѓаме нивната инфраструктура и кога и да се појави важна мета, ние ја напаѓаме“, рече Конрикус.

Од ИДФ тврдат дека погодиле околу 300 цели и убиле „голем број“ на милитанти на Хамас во последните 24 часа. Објавено е оти се погодени лансирни рампи за противтенковски проектили, лансирни места за ракети и воени објекти во рамки на подземните тунели. На социјалнбите мрежи се споделени и фотографии за кои Израелците тврдат дека ги покажуваат нивните трупи во Газа.