Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Третманот на оловната згура кај Лепенец зависи од лабораториските наоди

/

пред 1069 дена

Сподели преку :

Третманот на опасниот отпад, незаконски складиран во близина на реката Лепенец, зависи од резултатите од анализата на земените примероци, која е во тек. Од Државниот инспекторат за Телма велат дека проблемот ќе се решава во фази, а ќе се почне со враќање на отпадот во кругот на компанијата Рецикал Еко- Старт, од каде што дел од него потекнува зашто по прегледувањето на документацијата беше утврдено дека отпадот не е само од неа, туку и од други фирми.

Каков ќе биде третманот на оловната згура од преработени акумулаторски батерии, нелегално складирана близу реката Лепенец, ќе зависи од наодите на лабораториската анализа која сѐ уште трае. Проблемот ќе се решава во фази, а во првата купиштата од 500 до 600 тони опасен отпад ќе се вратат во кругот на компанијата „ Рецикал Еко- Старт“, од каде дел од нив потекнуваат, велат од Државниот инспекторат за животна средина.

Во првата фаза отпадот ќе биде вратен во кругот на компанијата Рецикал Еко- Старт во општината Чучер Сандево, а потоа ќе се бара решение на проблемот, велат од Државниот инспекторат за животна средина.

Постои опција компанијата да биде задолжена да го извезе или да го врати отпадот од каде што потекнува. Но, „ Рецикал Еко- Старт“ нема дозвола за третман на таков отпад, па доколу се утврди дека е опасен, како што министерката за животна средина, Шукова, кажа пред викендот дека анализите навестуваат дека е таков, компанијата што ќе го дислоцира од приватниот имот, мора да има дозвола за собирање и транспорт на опасен отпад или АДР дозвола, за транспорт на опасни материи во патниот сообраќај. Доколку анализите покажат дека отпадот не е опасен, тој сепак треба да се отстрани од местото и да се пренесе на друго.

Оловната згура оставена на патот кон селото Орман не е само од „ Рецикал Еко- Старт“, туку и од други компании. А, во противзаконските дејствија со непрописното складирање , покрај оваа, биле вклучени уште две правни и едно физичко лице, кажаа минатата недела за Телма од Државниот инспекторат, по дводневната проверка на документите за работата на компанијата. Незаконското работење е нотирано во записникот кој Инспекторатот го достави до „ Рецикал Еко- Старт“. Компанијата има рок од 8 дена да даде забелешки. По добивањето на лабораториските анализи Инспекторатот ќе изготви решение со забрана и наредба во законски рок да биде отстранета оловната згура, откриена при вонреден инспекциски надзор. А, за утврдените законски повреди ќе биде поведена постапка за санкционирање на „ Рецикал Еко- Старт“, за што ќе бидат известени МВР и Јавното обвинителство, дополнуваат од Инспекторатот.

Сотир Трајков