Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сан Антонио го изненади Феникс, Клиперс сигурни против Орландо

/

пред 1068 дена

Сподели преку :

Сан Антонио го совлада Феникс со 115-114 како гостин и тоа со поени во последните секунди од натпреварот, кои воедно беа за прво водство на Спарс на натпреварот, но кои значеа и победа.

Келдон Џонсон ги водеше гостите со 27 поени, меѓу кои и последниот решавачки кош. Првиот пик на драфтот, Виктор Вембањама имаше 18 поени. Кај Санс, Кевин Дурент постигна 26 поени.

Лос Анџелес клиперс славеа победа од 118-102 против Орландо, благодарение на фанастичната трета четвртина. Пол Џорџ имаше 27 поени за домашниот тим, а Расел Вестбрук 18.

На последниот натпревар утринава, Њујорк славеше во Кливленд со 109-91. Џулиус Рендл и Џејлен Брансон постигнаа по 19 поени во победата на Никс, додека кај Кавалирс, Донован Мичел имаше 26 поени.