Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Коритото на реката Вардар кај Јегуновце ќе се чисти со швајцарски пари-изградбата на кејот ќе почека

/

пред 1068 дена

Сподели преку :

По повеќе од 3 децении започна темелно чистење на коритото на реката Вардар во општина Јегуновце, со финансиска помош од Швајцарија. Огромни материјални штети се проценуваат по секое излевање на речните води низ годините. По последната поплава во јуни жителите на погодените села сѐ уште чекаат обесштетување.

Градоначалникот се надева, дека освен за оваа прва фаза во која се врши санација, ќе се изнајдат финансии и за втората, односно за изградба на кеј.

Ризикот од поплави сѐ уште е присутен со што и заканата по имотот и домовите на жителите, па поради тоа потребата да се соочиме со овој предизвик е итна, нагласи постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан.

Проблемите настануваат од фрлениот градежен шут и комунален отпад, од страна на несовесните граѓани. Министерката за животна средина вели дека за да се спречи тоа во иднина, треба да се формира комунална полиција, но наместо казни, според неа, треба да се подигне свеста.

Санација и регулација на коритото на Вардар, освен во општина Јегуновце ќе се врши и во општина Гостивар, во вкупна должина од 17,2 километри.

Данијела Билбилоска