Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Реал дополнително ќе се задолжи да го догради Бернабеу

/

пред 1068 дена

Сподели преку :

Според пишувањето на весникот Марка, мадридски Реал побарал нов кредит за да може да ја затвори комплетната реконструкција на стадионот Сантијаго Бернабеу.

Ова ќе биде вкупно трета позајмица во изминативе неколку години откако претходно зема кредит во висина од 575 милиони евра, а подоцна се задолжи за дополнителни 225 милиони.

Со последниот кредит од 325 милиони евра вкупната сума која ќе се инвестира во реконструкцијата на стадионот достигна сума од преку 1,1 милијарда евра.

Со реконструкцијата на стадионот Кралскиот клуб веќе има обезбедено приходи од 360 милиони со оглед на фактот дека има потпишано договори за соработка со компаниите Sixth Street и Legends.