Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Саудиска Арабија тврди дека Мундијалот може да се одржи во лето

/

пред 1068 дена

Сподели преку :

Со повлекувањето на кандидатурата на Австралија, Саудиска Арабија остана единствената земја која е во конкуренција за домаќин на Светското првенство во фудбал што ќе се одржи во 2034 година.

Првиот човек на Фудбалската асоцијација, Јасер Ал Мисехал во интервју за агенцијата АФП изјави дека Мундијалот во Саудиска Арабија за разлика од Катар може да се одржи во текот на летните месеци.

“Има многу нови технологии кои овозможуваат ладење на стадионите, но во голем број од градовите во земјата климата во текот на летото е погодна за играње фудбал”, изјави Ал Мисехал.

Саудиска Арабија ќе биде првата земја која самостојно ќе го организира Светскиот куп на кој ќе настапат 48 национални тимови.

Првиот со рекордната бројка на учесници е на програмата за три години и ќе се одржи во САД, Мексико и Канада, а следниот во 2030 ќе се игра во дури шест држави. Домаќини на првите три меча ќе бидат Аргентина, Уругвај и Парагвај каде ќе се одбележи 100 годишнината од првиот Мундијал, а потоа натпреварите ќе се играат во Мароко, Шпанија и Португалија.

ФОТО: Игор Паневски