Министерството за правда најави формирање на работна група која ќе биде посветена на реформа на Судскиот совет. Ова тело минатата година беше во центарот на внимание поради разрешувањето на екс-претседатеката, но и превирањата кои преку седниците допреа до јавноста. Судскиот совет, но и измените на Кривичниот законик (КЗ) се само дел од случувањата кои влијаат за лошата слика сметаат експертите.
Министерството за правда брза да ја започне реформата на Судскиот совет. Од таму најавуваат дека следната неделеа ќе се формира работна група во која ќе бидат повикани да учестуваат експерти, професори, судии, невладини и претставници на политички партии и веднаш ќе почнат со работа, без да го чекаат извештајот на Оценската мисија на ЕУ.
Кога ќе стасаат забелешките и коментарите на европските експерти, работната група ќе ги додаде во конкретните законски одредби за да се надминат лоцираните слабости, информираат од Правда. Оценската мисија го скенираше судскиот совет по скандалите со спорното разрешување на претходната претседателка Весна Дамева кое, според експертите, е една од дамките на советот.
„Изминатиот период, не само со случувањата во Судскиот совет, туку и избрзаните измени на КЗ и многу други случувања, оставија лоша слика за правосудството“, рече Коцо.
И Кривичниот законик, но и законот за амнестија беа предложени без широка јавна расправа. Судијката од кривичниот суд Билјана Коцевска, која на дебатата во Балканскиот центар за конструктивни политики „Солуција“ говореше за пробацијата, смета дека амнестијата е краткорочно решение кога станува збор за растоварување на затворите и апелира што повеќе да се применува пробацијата.
Законот за аменстија утре е на дневен ред во Собрнаието
Елена Ивановска Мукоска











