Најмалку 150 луѓе загинаа, а десетици се повредени во Непал по силниот земјотрес што ја погоди западната област Џајаркота.
Најголем дел од куќите во областа се урнати. Потресот се почувствувал и во Њу Делхи во соседна Индија.
Земјотресот беше со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, соопшти непалскиот национален сеизмолошки центар. Западните центри, пак, измерија магнитуда пониска од 6 степени.











