Во собранието веќе се работи на препораките на ОСБЕ и ОДХР за изборите, а идната недела се очекува напредок. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ останува непроменет – и претседателските и парламентарните избори треба да се одржат во еден ден, рече денеска Мицкоски.











