Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Наплата на комунална такса за билборди и објективно прикажување на побарувањата – ревизија за усогласеност во Општина Струмица

/

пред 1065 дена

Сподели преку :

Објективно прикажување на побарувањата на општината, разгледување опции за присилна наплата, но и наплата на комуналната такса за истакнување на реклами и билборди, се дел од забелешките на Државниот завод за ревизија кон Општина Струмица. ДЗР извршил ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Општина Струмица, сметка на основен буџет, за 2022 година. Градоначалникот на Струмица, Костадинов, вели дека ќе се изјаснат за забелешките, а дел од препораките на ревизорот веќе се спроведуваат.

Ревизијата дала мислење со резерва за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики. Костадинов вели дека освен општината, на потег е и законодавецот кој треба да донесе законски решенија за да се надминат дел од посочените слабости.

Ревизорот наведува дека досега не се поднесени забелешки за извештајот од општината, но градоначалникот Костадинов вели дека се изготвуваат и наскоро ќе бидат приложени.

Сузана Мицева