Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Блокиран центар, лоши навики и недоволно паркиралишта – тетовци во сообраќајни проблеми

/

пред 1065 дена

Сподели преку :

Возила во двојни редови, на тротоари и тревници, се градат нови згради, а не и доволно паркинг места. Вака тетовци ја опишуваат состојбата со паркирањето во градот, но вината ја гледаат и во самите возачи кои со автомобилите сакаат да дојдат и „до пред врата“. 

Сообраќајната полицијата секојдневно ги казнува несовесните возачи кои неправилно паркираат. Состојбата ја отежнува тесната патна инфраструктура на градот, зашто низ него сообраќаат голем број возила на дневно ниво.

„Состојбата и не баш така добра, со оглед на тоа дека инфрастуктурата во градот не дозволува толку голем број возила што циркулираат на дневно ниво, како во градот така и во останатите места да може да ги прими сите возила и за своите да можат да паркираат на места определени за таа намена. Имаме и лоши навики на граѓаните да паркриаат во двоен ред, на места каде што не е дозволено“, изјави Зоранчо Талев, командир на ПС БПС Тетово.

Изградба на катни гаражи, не е ни на повидок. Иако ги вети локалната самоуправа, сега вели дека има проблеми со избраните локации, а за да се најдат нови, треба промена на деталниот урбанистички план за маркици.

„Таму каде што има маркица за катна гаража, тие се зафатени. Дадов пример пред Веро, каде што нелегално незаконски е дадена забелешка во имотен лист затоа што имало процес за легализација. Другата локација каде има маркица за катна гаража е кај спортската сала каде што исто така има прибелешка за тоа што има процес на легализација“, изјава Биљал Касами, градоначалник на Општина Тетово.

Најголемиот метеж во Тетово се прави во т.н. вообичаени шпицови, за време на одење или враќање од работа, поголеми гужви обично се создаваат во понеделник и петок, но и на пазарен ден.

Данијела Билбилоска