Мој принципиелен став е дека ова е битка не само за македонската суштина, туку и за сржта на европските вредности, од кои нема отстапување, вели вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров за спорот со Бугарија во војот ФБ статус . Тој додава дека тоа е бесмртниот „вирус” на идеали против кој залудно се бара „вакцина”, како рекација на бугарскиот новинар Љубчо Нешков, кој го интервјуираше премиерот Зоран Заев, дека Димитров е поопасен од коронавирусот за Бугарија.
„Македонскиот јазик и самоопределување, државотворноста и идентитетот ниту можат да бидат пречка за интеграција со Унија, која почитува културни и јазични различности како темелна вредност, ниту можат да бидат пречка за вистинско пријателство, бидејќи тоа секогаш се базира на взаемна почит. Ова е мој принципиелен став, ова е битка не само за македонската суштина, туку и за сржта на европските вредности, од кои нема отстапување. 











