Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и членовите продолжувачи е изненаден од неодмерените квалификации на премиерот Зоран Заев, изнесени во интервјуто дадено на бугарски медиум.
Како учесници во најсветлиот дострел на вековната борба на македонскиот народ за своја слобода – Погодени сме што со тоа се врши ревизија на општоприфатената оцена од светската историја за Втората светска војна.
Очекуваме премиерот да се огради од изнесените свои ставови.











