Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Османи за опозицијата: Иронија е да повикувате на борба против корупција, а да ги блокирате поглавјата 23 и 24 кои во суштина се борба против корупција

/

пред 1061 дена

Сподели преку :

Клучниот проблем за извештајот на Европската комисија (ЕК) и забелешките во него е тоа што собранието е блокирано и што не се носат закони, порача министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

„Тука од страна на опозицијата се блокирани и поглавјата 23 и 24 кои се однесуваат на борбата против корупцијата што значи опозицијата не се бори против корупцијата“, изјави шефот на дипломатијата по објавата на извештајот на ЕК за напредокот на Македонија и земјите од Западен Балкан во евроинтегративните процеси.