Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Полициските службеници претерале со тепањето во Идризово – омбудсманот со Извештај за полицискиот претрес во затворот

/

пред 1061 дена

Сподели преку :

Полициските службеници претерале со тепањето во Идризово, покажува извештајот на народниот правобранител. Снимките се прегледани тврди омбудсманот Зибери и додава дека се прекршени правата на затворениците.

  • Во смисол на пречекорување на овластувањата на припадниците на МВР.Не сум сигурен дали тоа е единствената причина, јас гледам од перспектива на заштита на правата на затворениците. Како е дојдено зошто е дојдено, дали е добро организирано треба да дадат одговор а ние веќе се обративме кон надлежните служби за да добиеме целосна слика за акцијата, изјави омбудсманот Насер Зибери. 

Пред две недели при претрес во полуотвореното одделение во затворот Идризово дошло до пресметка меѓу полицијата и осудениците. Во претресот биле пронајдени мобилни телефони, ладно оружје и дрога, а во акцијата беа повредени затвореници, но и полициски службеници. Затворот Идризово беше поврзан со повеќе скандали, копањето подземен тунел од затвореници како и филмското бегство на Беким Мемети.

Симона Петровска