Речиси 49% од луѓето сметаат дека уставните измени нема да ја приближат Македонија кон ЕУ, додека речиси 30% сметаат дека тоа е патот кон Унијата.
Во однос на тоа дали Македонија треба го да прифати условот за промена на уставот за да продолжат преговорите со ЕУ, 49,2% од испитаниците одговориле со НЕ, позитивно одговориле 26%, а одговор немаат 20,3%.
НИКОЈ не може да ги заштити националните интереси во овој момент, сметаат испитаниците. Високи 60% од нив одговориле дека не може да ги заштат националните интереси ниту власта, ниту опозицијата. Оние кои сметат дека власта тоа го може се речиси 23%, а 17 % се свртеле кон опозицијата.
45% од луѓето сметаат дека на подобар стандард, и тоа е асоцијацијата на која најпрво ќе се сетат кога ќе слушнат преговори со ЕУ. На владеење на правото ги асоцира 20,3 %, 19,2% борба со корупцијата, и подобро здравство сметаат дека ќе имаат 16,2%.
Анекатата е изработена по нарачка на Телна, на 1200 испитаници, по метод лице в лице од 2-ри до 16-ти октомври, од агенцијата Стратум.











