Продолжуваат различните читања на Европскиот извештај кај власта и кај опозицијата.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека Владата лично е одговорна за лошите оценки, бидејќи корупцијата и нефункционалниот систем станале поголем проблем од билатералните спорови.
Според СДСМ, опозициските опструкции се неуспешни и вкупната оценка е „добро ниво на подготвеност“ со прогрес во 81 отсто од поглавјата, а назадување ниту во едно.











