Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Актуелните мерки за намалување на инфлацијата се неадекватни – став на Стопанската Комора на северозападна Македонија

/

пред 1059 дена

Сподели преку :

Стопанската Комора на северозападна Македонија смета дека актуелните мерки за намалување на инфлацијата не се адекватни и затоа треба да се преземат алтернативни мерки и во иднина да прекине праксата на институциите да не се консултираат со стопанските комори при нивното донесување. Повторуваат дека мерките преземени од Владата и надлежните институции, треба да се базираат на анализа и детално прогнозирање на ризиците кои може да ги донесуваат истите.

Во соопштението од комората се вели дека врз основа на изјавата на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска инфлацијата достигна 9,5 отсто, преземената мерка не ги донесе очекуваните ефекти, додека бизнисите, особено производителите и трговците се оштетени, а од друга страна, граѓаните и натаму остануваат незаштитени од инфлацијата.

Владините проекции за раст и инфлација се пооптимистички од Народната банка и од меѓународните финансиски институции. Очекуваат раст од 2,5 отсто и инфлација под 6 отсто. Бежоска предупреди – со зголемувањето на платите и стопирањето на мерките може да има нов притисок врз инфлацијата.