Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Украина соопшти дека соборила 19 од вкупно 31 дрон лансирани од Русија во текот на ноќта

/

пред 1058 дена

Сподели преку :

Украина денеска соопшти дека соборила околу две третини од вкупно 31 борбено беспилотно летало лансирани од Русија во текот на ноќта, главно над областите на фронтот, но и против главниот град Киев изутрината.

„Уништени се 19 борбени беспилотни летала Шахед 136/131. Руските окупатори испратија најголем дел од борбените беспилотни летала во областите на фронтот“, соопшти украинското воздухопловство, додавајќи дека Русија користела и неколку проектили.