Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го разреши министерот за одбрана.
Тој изрази сочувство до семејството на починатиот возач на комбето, во кое удри возилото на министерот.
„Изразивме сочувство до семејството на градоначалникот г-дин Шариќ. Во контакт сме со сопругата на министерот Баножиќ“, истакна тој.
„Ги слушнавте околностите на несреќата и изразуваме жалење и загриженост за состојбата на министерот кој беше хоспитализиран со тешки повреди“, додаде тој.











