Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Захариева: Односите меѓу Бугарија и Македонија треба да бидат како меѓу Шпанија и земјите од Латинска Америка

/

пред 2137 дена

Сподели преку :

Министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, во интервјуто за “Ефе”, кое го пренесува БГНЕС, оценува дека односите меѓу двете соседни земји треба да наликуваат на односите кои денес ги имаат Шпанија и земјите од Латинска Америка.

“Фактот дека Аргентинците и Чилеанците зборуваат шпански јазик, не ги прави помалку Аргентинци и Чилеанци. Фактот дека во еден момент тие имаат заедничка историја, не го намалува нивниот суверенитет и јазик. Напротив, тоа ги приближува.” – изјави Захариева.

Ветото за Македонија, Захариева го образложува како последица и на говорот на омраза кон се што е бугарско во нашата држава. Според неа, Македонија ги потрошила 30-те години од својата независнот за стимулирање на тој говор на омраза, што на крајот имало ефект и врз обичните граѓани во државата.

Во однос на тоа дали европските партнери имаат разбирање за бугарската позиција , Захариева посочила дека и Грција не била разбрана, па 15 години го задржала ветото кон Македонија.