Превирањата во Судскиот совет, измените на Кривичниот законик и заглавената стратегија за реформа во правосудството се клучни за констатираниот ненапредок во правосудството и борбата со корупцијата. Судскиот совет во извештајот е КЗ е детектиран како генератор на загриженост за независноста за судството посочија од Блупринт групата за реформа во правосудството во која членуваат 6 граѓански организации кои изминатата година алармираа за нотираните забелешки во правосудството.
-Најголем пробем е што не е забележан напредок во клучните наоди, како што е Судски совет каде ЕК наоѓа дека има притисоци, особено разрешувањето на претходната претседатека. Тука е и злоупотреба на европското знаменце. Но, не само за Кривичниот законик туку и за законите за изградба на коридорите, потоа наодите за Советот на јавните обивнители и она што би издвоиле е Стратегијата за реформи во правосудството, што требаше веќе да биде донесена. Потребни се реформски процеси. Институциите веднаш да почнат за ги спроведуваат препораките на ЕК за праовсудството и борбата со корупцијата за кои беше констатирано дека нема напредок , смета Александра Цветановска од Македонското здружение на млади правници, кое е дел од Блупринт групата
Измените на Кривичниот Законик и нивното влијание врз високо профилните предмети и пресудија и на борбата со корупцијата. Извештајот констатира дека нема напредок а се чита и загриженост
– Очекувано беше да немаме напредок во борбата против корупцијата. Со измените на КЗ ја озаконивме хроничната неказнивност на функционерите, вели Цветановска
Потребни се промена на легислативата пред се законски измени на судксиот совет и советот на јавни обвиниели и сузбивање на политичките влијанија на судството.
Потребна е и волја за да се изберат луге со интегритет, смета Цветановска .
Блуппринт ќе има и свој претставник во од работната група која ја фомираше министерот за правда Кренар Лога за реформа на најритикуваното судско тело.
Овој Извештај на ЕК, е еден од ретките каде е констатирано дека во делот на правосудството не е забележан прогрес, што од аспект на исполнување на критериумите од Поглавјата 23 и 24 претставува целосно руинирање на сите досегашни постигнувања и напредок токму во овој сегмент, сметаат од Блупринт групата.
Елена Ивановска Мукоска











