Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Правниците бараат одговорност за судијата кој осуди пратеник за искажан став од говорница

/

пред 1057 дена

Сподели преку :

Правниците бараат одговорност за судијата кој осуди пратеник за искажан став од говорница. Пресудата за нив е, благо кажано  скандалозна.

И за професорите по право е примарно да се покрене постапка за одговорност на судијата кој ја донел ваквата пресуда, а која очигледно е спротивна на Уставот. Споредна работа е дека пресудата мора да падне.

Професорката Најчевска, на социјалните мрежи пишува дека, она што не го разбираат надворешните набљудувачи е дека во Македонија не станува збор само за партизирано судство туку за судство составено од луѓе со ограничени интелектуални способности и големо незнаење.

Пратеникот Бране Петрушевски, кој е осуден за навреда искажана од собраниската говорница кон неговиот колега Мартин Костовски, најави дека ќе поднесе барање до Републичкиот судски совет за разрешување на судијата  Неџат Мемети од кумановскиот Основен суд, кој оценил дека му нанел душевна болка на Костовски и го казнил да му исплати две ипол илјади евра, плус камата.

Далиборка Демјанска