Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вонредна состојба на Исланд поради можна вулканска ерупција

/

пред 1057 дена

Сподели преку :

Во Исланд е прогласена вонредна состојба поради опасност од вулканска ерупција.

Беше спроведена евакуација на градот Гриндавик на југозападниот брег во раните утрински часови. Движењето на магмата под земјината кора предизвика стотици земјотреси.

Блиската Сина лагуна, популарна туристичка локација позната по своите геотермални минерални извори, завчера беше затворена како мерка на претпазливост.

Главниот град Рејкјавик се наоѓа на околу 40 километри северно.

Од крајот на минатиот месец на полуостровот Рејкјанес се регистрирани околу 24.000 земјотреси.

Во Исланд има 33 активни вулкански екосистеми – најмногу во цела Европа.

Во својата последна ерупција, во 2010 година, вулканот Ејафјордур практично го запре воздушниот сообраќај во Европа, предизвикувајќи откажување на 100.000 летови и блокирајќи 10 милиони патници.