Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По повеќе од пет години децата со дијабет добија сензори за мерење на гликемија

/

пред 1056 дена

Сподели преку :

Јана и Јована Симоски беа меѓу првите деца на кои им беше поставен сензор кој треба да им го олесно мерењето на гликемија. Наместо со класично боцкање, преку овој уред родителите ќе можат да ја следат состојбата на децата кои имаат тип 1 дијабет.

„Ова навистина ќе ни го олесни животот , но сепак се надеваме дека ќе продолжат да ни даваат и од кога ќе наполниме 18 години со оглед на тоа дека ни остануваат само две години за сензори и после назад на боцкање ќе биде навистина лошо“, вели Јована Симоска.

„Нашиот родител ќе ни гледа колку ни е низок, колку ни е висок шеќерот . Не мора да се будиме во три часот наутро за да мериме“, вели Јана Симоска.

По повеќе од пет години откако овие сензори беа побарани од родителите на деца со дијабет денеска стигнаа на клиниката за детски болести во Скопје.

Споредбата со лицата кои што немаат сензори и децата што имаат сензори ќе бидат значително во корист на тие што користат сензори“, вели Д-р Ирфан Ахмети претседател на национална комисија на дијабетичари. 

„Континуираното следење на гликемиите со воведување на овие сензори ќе придонесе за добрата контрола на дијабетесот во секој случај, исто така ќе го избегнеме она често боцкање кај децата најмалку 3-5 пати дневно за следење на гликомерите бидејќи тоа е непријатно и болно чувство кај децата“, вели Д-р Стојка Фуштиќ директорка на Универзитетска клиника за детски болести.

Освен малолетните лица со тип 1 дијабет овие сензори ќе ги добијат и лицата со компликации, а министерот Меџити најави дека ќе ги набави овие уреди и за останатите пациенти. Меџити побара од надлежните да не доцнат со тендерите и да не го кочат здравството во спротивно ќе излезе со име и презиме и ќе каже кој е виновен. На 14 ноември се одбележува светскиот ден на дијабетичарите кои со месеци чекаа да добијат ленти и лекови за третирање на болеста.

Симона Петровска